Политика на приватност


Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.postbox.com.mk се една од приоритетните задачи на нашата компанија. POSTBOX ДООЕЛ посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.
Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од страна на POSTBOX ДООЕЛ за време на вашата посета на нашите веб страници и како тие се користат. Ова не се однесува на вашата посета на други веб страници, на кои ќе пристапите преку нашата страница.

 

Колачиња (cookies)


Колачиња за перформанси:

- Овие колачиња ни овозможуваат да броиме посети и извори на сообраќај за да можеме да ги мериме и подобриме перформансите на нашата страница. Тие ни помагаат да знаеме кои страници се најмногу и најмалку популарни и да видиме како посетителите се движат низ страниците. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и затоа се анонимни. Ако не ги дозволите овие колачиња, нема да знаеме кога сте ја посетиле нашата страница и нема да можеме да ги следиме нејзините перформанси.

Колачиња за функционалности:

- Овие колачиња и овозможуваат на страната да обезбеди подобрена функционалност и персонализација. Тие може да бидат поставени од нас или од трети лица чии услуги сме ги додале на нашата страна. Ако не ги дозволите овие колачиња, тогаш некои или сите од овие услуги може да не функционираат правилно.

Колачиња за таргетирање:

- Овие колачиња може да бидат поставени преку нашата страница од нашите вендори. Тие се користат за да изградат профил на вашите интереси и да Ви прикажуваат релевантни реклами на други страни. Тие не складираат лични информации, туку се засноваат на уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет уред. Ако не ги дозволите овие колачиња, ќе имате помалку насочено рекламирање.

 

Собирање и обработка на лични податоци


Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на POSTBOX веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на веб страниците на POSTBOX ДООЕЛ нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. POSTBOX ДООЕЛ ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Користење и пренос на лични податоци


Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање на веб страниците и заради задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. POSTBOX ДООЕЛ на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).

Сигурност


POSTBOX ДООЕЛ ги презеде сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Правила за поднесување на електронски пораки
 

Контакт форма

Доколку корисникот има потреба од било каков контакт со POSTBOX ДООЕЛ, има можност тоа да го оставри преку контакт формата на web-страната. При користење на оваа опција од корисникот се бараат следните податоци: Име, Презиме и email адреса за да може да се персонализира и да се даде директен одговорот. Податоците на корисникот се чуваат додека корисникот не побара нивно бришење, менување или ограничување (согласно неговите законски права) или најмногу 1 година од последниот остварен контакт преку страната, што и да се случи прво.

Нарачка преку телефон

Доколку корисникот на страната сака одреден артикал да го нарача преку телефон или да добиете повеќе информации за истиот потребно е при прегледот на артиклот да ја одбере опцијата „Нарачка преку телефон“. Од корисникот ќе биде побарано Име, Презиме, email адреса. Личните податоци кои се собираат при комуникацијата се користат за времетраење на комуникацијата. Доколку коминикацијата доведе до продажба, контакт податоците ќе се чуваат во времетраење согласно позитивните законски прописи. Во спротивно, податоците на корисникот се чуваат додека корисникот не побара нивно бришење, менување или ограничување (согласно неговите законски права) или најмногу 1 година од последниот остварен контакт преку страната, што и да се случи прво.

Регистрација при продажба

При регистрација на налог при продажба од корисникот на postbox.com.mk се бараат следните податоци: Име, Презиме, email и Телефонски број. Ова е најмал обим на податоци кои се потребни да може да се оствари нормална коминукација и позитивно да се идентификува купувачот. Податоците се чуваат додека корисникот не побара нивно бришење,менување или ограничување (согласно неговите законски права) или најмногу 2 години од последниот остварен контакт преку страната, што и да се случи прво.

 

Права на субјектот на лични податоци


Кои податоци собира Контролорот?

За потребите на нарачки на артикли, анкети, наградни игри или Ваши барања за информации собираме само соодветни, релевантни и хеопходни податоци. Контролорот на податоци се обврзува да превземе минимален обем на податоци кои ги задоволуваат потребите и на Контролорот.
При нарачки се собираат следните податоци: Име и Презиме, Адреса, Телефонски број или повеќе телефонски броеви за потребите на доставата.
При анкети и наградни игри, доколку воопшто се бараат лични податоци се превземаат Име и Презиме и телефонски број како минимален број на податоци доволни да се идентификува учесникот и да се контактира во случај на наградна игра или анкета во која има потреба од повратен контакт.
При Ваши барања за информации, Контролорот ги собира следните податоци: Име и Презиме, емаил адреса и телефонски број за побрз контакт.

Кој е одговорен за обработка на личните податоци?

Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите за обработка на истите во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Контакт и одговорни лица за заштита на личните податоци се Офицерите за заштита на лични податоци наведени на крајот на оваа „Политика за приватност“

Кој е правниот основ на обработка на личните податоци?

Контролорот ги собира минимално потребните лични податоци:
- Со цел позитивна идентификација на купувачот или контактот
- Заштита на сопственоста
- Заштита на животот и здравјето на вработените во достава.

Кој може да ги види Вашите лични податоци?

До Вашите лични податоци пристап имаат само овластените лица за изработка на документацијата при продажба или овластените лица кои ги контролираат записите за анкети и наградни игри.

Како да ги контролирате Вашите лични податоци?

Потребно е да испратите барање на POSTBOX ДООЕЛ  (е-пошта на reklamacii@postbox.com.mk, или по пошта на следната адреса: ПPOSTBOX ДООЕЛ Кеј 13-ти Ноември ГТЦ анекс 4 локал 397, 1000 Скoпје).

Како може да ги менувате Вашите лични податоци?


Потребно е да испратите барање на POSTBOX ДООЕЛ  (е-пошта на reklamacii@postbox.com.mk, или по пошта на следната адреса: ПPOSTBOX ДООЕЛ Кеј 13-ти Ноември ГТЦ анекс 4 локал 397, 1000 Скoпје).

Дали може да побарате ограничување на обработка на Вашите лични податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на Потребно е да испратите барање на POSTBOX ДООЕЛ  (е-пошта на reklamacii@postbox.com.mk, или по пошта на следната адреса: ПPOSTBOX ДООЕЛ Кеј 13-ти Ноември ГТЦ анекс 4 локал 397, 1000 Скoпје), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага или кога контролорот има сеуште законска потреба од Вашите податоци за исполнување на законските обврски.

Дали можам да ги избришете Вашите лични податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на Потребно е да испратите барање на POSTBOX ДООЕЛ (е-пошта на reklamacii@postbox.com.mk, или по пошта на следната адреса: POSTBOX ДООЕЛ Кеј 13-ти Ноември ГТЦ анекс 4 локал 397, 1000 Скпје), кога обработката е незаконска.

Дали се споделуваат Вашите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на достава, Контролорот ангажира фирма за достава со која има договор за заштита на личните податоци, и со која во контролирана средина по шифрирана врска, споделува неопходен дел од Вашите личните податоци (име, презиме, адреса, телефонски број) за да ја осигура доставата. Во случај на сопствена достава, Контролорот не споделува информации со други лица. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

Што може да направите во случај на проблем?

Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до reklamacii@postbox.com.mk и да побарате да преземе акција. Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

Колку долго се чуваат Вашите лични податоци?

Во случај на порачка на артикли, личните податоци се чуваат до законскиот рок за чување на хартиена документација за правни лица, согласно усвоената листа на документарен материјал со рокови на негово чување. Штом ќе истече законскиот рок на чување, записите и личните подаотци ќе бидат предмет на бришење. Бришењето на податоци се случува на истекот на годината во која истекла законската основа за чување и обработка на податоците.
Во случај на Ваше барање на информација, личните податоци се чуваат само за остварување на контактот инициран од Ваша страна. Ако го прекинете контактот или не одговорите на нашата информација во рок од 30 дена, Вашите контакти се бришат. Во случај на анкета/наградна игра - Доколку сте добитник на наградна игра, Вашите податоци се чуваат и обработуваат исто како при порачка на артикли. Доколку не сте добитник, Вашите податоци се чуваат во рок од 30 дена по завршеток на анкетата/наградната игра

 

Контакт


Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата reklamacii@postbox.com.mk. Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.

Измени на политиката за приватност

POSTBOX ДООЕЛ ги почитува меѓународно признатите принципи и законодавство за лични податоци. За таа цел и врз основа на вашите повратни информации, ќе ја ажурираме оваа политика за приватност за да се осигураме дека нема грешки и содржи релевантни информации за вашите права и активности за обработка и дека е во согласност со важечките закони и најдобрите практики.

Може да ја менуваме од време на време за да одиме во чекор со новите законски и пазарни достигнувања и можности. Ако направиме значителни промени, ќе ве известиме на нашите веб-страници преку известувања или ќе ви испратиме ажурирана политика на вашата адреса за е-пошта. Во секој случај, ажурираната политика секогаш ќе биде објавена на оваа веб-страница.

Офицер за заштита на лични податоци


            Ивана Давидовска                      
+389 2 310 0712       
Email: reklamacii@postbox.com.mk