ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

КАКО ДА НАРАЧАМ ПРОИЗВОД?

POSTBOX ви нуди можност брзо и едноставно да купувате онлајн од Amazon.de или било која друга веб продавница од Европа. За да нарачувате онлајн треба да регистрирате свој кориснички профил на POSTBOX.COM.MK пополнувајќи ја формата на следниот линк.

Потоа, за да купувате онлајн од Amazon.de потребно е да креирате свој профил на Amazon.de користејќи ја POSTBOX адресата која ја добивте како адреса за испорака во ГерманијаТука можете да погледнете видео со детални упатства како да регистрирате профил на Amazon.de и како да нрачатепроизвод од Amazon.de.

Сега можете да купувате онлајн и вашите пратки ќе стигнуваат безбедно во нашиот склад во Германија. По извршената нарачка, фактурата која ќе ја добиете од Amazon.de задолжително испратете ни ја преку формата на следниот линк или испратете ни ја на оваа емаил адреса: contact@parceluniverse.com. 

Фактурата можете да ја најдете во прегледот на вашите нарачки (Your orders) на Amazon.de. (упатство како да ја симнете (download) и прикачите (upload) фактурата погледнете тука).

По пристигнувањето на вашите пратки во нашиот склад во Германија ние ќе ги испорачаме вашите производи до вашата домашна адреса во рок од 5-10 работни денa од приемот на пратките во складот во Германија.

КОЛКУ ЧИНИ УСЛУГАТА ЗА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ ДО МАКЕДОНИЈА?

Ценовникот за услугите за испорака на вашите онлајн нарачки од Amazon.de или било која друга веб страна од Европа е достапен на следниот линк.

ШТО ВКЛУЧУВА ЦЕНАТА НА УСЛУГАТА НА POSTBOX?

Цената за услугата вклучува

  • добивање на адреса за испорака на вашите пратки во Германија

  • пакување на пратките

  • бесплатно складирање до 10 денови

  • транспорт на пратките до јавен царински склад во Скопје

Цената за услугата не вклучува:

  • евентуални царински давачки при увоз (согласно царинските закони)

  • курирска услуга за достава на пратките од магацин Скопје до домашна адреса

  • трошоци за складирање во јавен царински склад

  • трошоци за застапување, изготвување и поднесување  на царинска декларација пред царинските органи

КАКО ДА ЗАШТЕДАМ ПРИ ИСПОРАКА НА ПОВЕЌЕ ПРАТКИ?

POSTBOX ви нуди бесплатно складирање на вашите пратки во период од 10 дена. Во овој период можете да реализирате повеќе нарачки и да добиете единствена цена за испорака во согласност со вкупната тежина на сите ваши нарачки.

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАМ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ?

Вашите онлајн нарачки ќе пристигнат во период од 5-10 работни дена по пристигнувањето на пратките во складот во Германија.

За сите други прашања или информации контактирајте не на телефонскиот број 15200 или испратете ни емаил на: contact@parceluniverse.com.