УПАТСТВО

КАКО ЛЕСНО И БРЗО ДА КУПУВАТЕ НА AMAZON.DE

Со POSTBOX можете брзо, лесно и безбедно да нарачувате од AMAZON.DE или било која друга веб продавница од Европа. Подолу се кратки видеа со упатства и инструкции за процесот на регистрација и креирање нарачка на AMAZON.DE кои треба да го олеснат вашето корисничко искуство. За сите дополнителни прашања или информации погледнете ги Често Поставуваните Прашања или испратете ни емаил на contact@parceluniverse.com.

 

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ И КРЕИРАЊЕ НАРАЧКА НА AMAZON.DE

За да пристапите на веб страната на Amazon.de за креирање на кориснички профил кликнете на

овој линк  и следете ги инструкциите во видеото подолу на оваа страна за регистрација на нов кориснички профил на Amazon.de. За подобро и појасно видео упатство откако ќе го стартувате видеото (PLAY) изберете да го гледате на цел екран со клик на иконата долу десно на видео екранот ( иконата Enter Full Screen). Видеото е со информативна содржина и податоците кои се видливи при внесувањето се од информативен карактер и истите не треба да се користат кога нарачувате онлајн.

КАКО ДА ИСПРАТАМ (UPLOAD) ПОТВРДА (ФАКТУРА) ЗА
КУПЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ НА
AMAZON.DE

Кога ќе извршите успешна нарачка на Amazon.de на вашата емаил адреса ќе добиете потврда за успешна нарачка. За секоја нарачка Amazon.de креира финансиски документ (фактура) која претставува потврда за вашата нарачка и тој документ (фактура) треба да го испратите (upload) на формата на POSTBOX на следниот линк. 

Погледнете го видеото подолу со кратко упатство како можете да ја симнете фактурата и да ја прикачите на формата на POSTBOX. За подобро и појасно видео упатство откако ќе го стартувате видеото (PLAY) изберете да го гледате на цел екран со клик на иконата долу десно на видео екранот ( иконата Enter Full Screen). Видеото е со информативна содржина и податоците кои се видливи при внесувањето се од информативен карактер и истите не треба да се користат кога нарачувате онлајн.