ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ POSTBOX.COM.MK

1. ВОВЕД


Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка на услуги преку веб страната на POSTBOX ДООЕЛ  www.postbox.com.mk
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн нарачка на услуги:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.postbox.com.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на POSTBOX ДООЕЛ.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на POSTBOX ДООЕЛ нарачува  услуги од понудата на POSTBOX ДООЕЛ. Купувањето на производи или услуги преку редиректирање кон трети страни и други веб продавници не претставува купување или купопродажен однос со POSTBOX ДООЕЛ. POSTBOX ДООЕЛ нуди услуга за пренасочување и транспорт (parcel forwarding) на пратки од интернет трговија и врши само транспорт на стоките кои корисниците ги купиле од трети лица и странски веб продавници. Плаќањата и финансиските трансакции со трети лица не претставуваат купопродажен однсо или трансакција со POSTBOX ДООЕЛ. 
За Посетителот односно Купувачот, само за  плаќањата со кои стапува во деловен однос т.е врши електронско или банкарско плаќање директно со POSTBOX ДООЕЛ се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија.

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ


Купувачот кој сака да стане корисник на услугите на POSTBOX ДООЕЛ и сака  услуга од POSTBOX ДООЕЛ преку веб страната www.postbox.com.mk потребно е по одбирањето на производот/те или услугите да се регистрира на www.postbox.com.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката за услугата за пренасочување на паратки при електронска трговија и откако ќе изврши нарачка од веб страна или продавница од трето лице преку соодветните форми да ги внесе (upload) документите за потврда на купопродажбата и финенсиска трансакција (фактура и потврда за платениот износ). Без исполнување на оваа обврска POSTBOX ДООЕЛ нема обврска да ги испорача праткие се додека не се вчитаат претходно споменатите документи во електронска форма преку соодветната форма на веб страната postbox.com.mk.
Регистрираниот корисник  со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.postbox.com.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ.
POSTBOX ДООЕЛ го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на POSTBOX ДООЕЛ, www.postbox.com.mk.

3. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ


Цените на сите производи и услуги на www.postbox.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Купувањето на производи преку редиректирање кон друи веб страни за продажба не претставуваат купопродажни односи со POSTBOX ДООЕЛ. Производите кои се промовираат за продажба преку affiliate програми не претставуваат производи кои ги продава POSTBOX ДООЕЛ. Купувачот кој купува од трети лица или странски веб продавници има деловен однос со тие лица и веб продавници и за тие постапки важат условите на тие продавачи.
Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во салоните на POSTBOX ДООЕЛ и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.postbox.com.mk.
POSTBOX ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли не може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на POSTBOX ДООЕЛ.
Купувачот не може да ја откаже, дополни или корегира нарачката.
Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, POSTBOX ДООЕЛ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

4. НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ


Плаќањето за производите и услугите на POSTBOX ДООЕЛ купени преку веб страната www.postbox.com.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:
-Плаќање со платежна картичка
-Плакање со банкарски налог и верификација на оператор

-Плаќање во готово во деловните простории или при испорака (cash on delivery) на компанијата со која POSTBOX ДООЕЛ има договор за испорака на пратки или договор за деловно-техничка соработка или на POSTBOX ДООЕЛ доколку испораката ја врши POSTBOX ДООЕЛ.

4.1. Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку УНИ Банка, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот. Исто така, производите може да се плаќаат и со платежни картички издадени од домашни банки во Р.Македонија кои се користат за електронски плаќања.

4.2. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.

4.3. Плаќање со банкарски налог и верификација на оператор

Плаќањето со Банкарски налог може да се изврши од страна на Физичко или правно лице од сите Банки регистрирани на територија на Република Македонија со сосдветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плакање ”Плакање со Банкарски налог” По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши организирање на испорака на производот(те) на дадената адреса за испорака од страна на купувачот. Услугите за транспорт на стоки нарачани од странски веб страни не претставуваат купопрдажен однос на нарачателот во врска со стоката. Плаќањата кон странски веб страни не спаѓаат во трансакцции/плаќања кон POSTBOX ДООЕЛ.

5. ОДГОВОРНОСТ НА POSTBOX ДООЕЛ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ


POSTBOX ДООЕЛ во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи POSTBOX ДООЕЛ нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.
POSTBOX ДООЕЛ не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

6. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ


POSTBOX ДООЕЛ се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.
Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ www.postbox.com.mk, се наведени во Политиката за приватност (link до документот), која исто така е објавена на веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ, www.postbox.com.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.
При посетата на web страницата, POSTBOX ДООЕЛ не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на POSTBOX ДООЕЛ.
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на POSTBOX ДООЕЛ. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на POSTBOX ДООЕЛ.

7. ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ


Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.
Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. POSTBOX ДООЕЛ не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка.
POSTBOX ДООЕЛ по ниту еден основ не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за
време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

 

8. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА


По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ или услуга и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.
Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на POSTBOX ДООЕЛ, Купувачот добива е-маил порака или СМС со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.
Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во било која продавница на POSTBOX ДООЕЛ или на reklamacii@postbox.com.mk. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција.
На сите кориснички рекламации и поплаки, POSTBOX ДООЕЛ ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

Во случај кога POSTBOX ДООЕЛ не успее да го достави производот нарачан преку формата на веб страната postbox.com.mk, во превидениот рок од 5-10 работни дена од приемот на производот во складот во странство POSTBOX ДООЕЛ се обврзува да го испорача производот без надомест за испорака. 

9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ


Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.postbox.com.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.
POSTBOX ДООЕЛ го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината наwww.setec.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на POSTBOX ДООЕЛ, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на POSTBOX ДООЕЛ www.postbox.com.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.
Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.